Но она што ја изреволтира јавноста денеска беше една фотографија која осамна на социјалните мрежи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јуни, 2019 23:55

ФОТО: Спремни двојазични свидетелства на кои стои Северна?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска и официјално учениците ја завршија учебната година. На среќата и нема крај, три месеци распуст па од 1ви септември повторно ги чекаат нови училишни обврски по враќањето во училишните клупи.

Двојазични свидетелства

Но она што ја изреволтира јавноста денеска беше една фотографија која осамна на социјалните мрежи.

На приложената фотографија јасно може да се види дека станува збор за свидетелство, но наместо како до сега на македонски јазик, сега е испишано на два јазици, односно на македонски и албански. 

Останува отворено прашањето дали навистина oд оваа година свидетелствата со успехот на учениците ќе бидат двојазични и со новото име на државата? 

Како што беше објавено на социјалните мрежи наводно оваа фотографија била поставена од здружението на просветни работници.

До сега, вакви свидителства им се даваа само на албанските ученици !! Македонските ученици си добиваа само на македонски јазик, Јас на син ми ќе го искинам, иако му се сите петки, се само дел од коментарите под фотографијата.

Инаку денеска започна летниот распуст за учениците од учебната 2018/2019 година. Оваа учебна година ја завршија околу 270 илјади средношколци и основци, меѓу кои и 20 000 првачиња.

Извор: Инфомакс

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести