Од Заедницата на банки реагирале на оваа новина од УЈП затоа што со овој начин на работа на Управата се нарушува начелото на банкарска тајна

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 август, 2018 6:43

УЈП со увид во банкарските сметки сама ќе ги пополнува даночните

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Управата за јавни приходи електронски ќе ги добива од банките податоците за граѓаните неопходни за пополнување на Годишната даночна пријава која од јануари следната година нема да ја пополнуваат граѓаните туку наместо нив тоа ќе го прави Управата и ќе му ја доставува на граѓанинот на потврда.

Податоците што ќе ги доставуваат банките и кои ќе ги користи УЈП како и динамиката на доставување ќе бидат утврдени со законски измени.

“Она на што се работи една година наназад е оваа размена на податоци да се автоматизира наместо податоците да се доставуваат во хартиена форма што е долга спора постапка за сите страни. Автоматизираната електронска размена на податоци со банките ќе овозможи подобрување на ефикасноста на УЈП подобри услуги за граѓаните и истовремено подобро администрирање на персоналниот данок на доход.” – вели Сања Лукаревска директор на УЈП

Таа појасни дека со ова побрзо ќе се издаваат уверенија решенија и други документи во надлежност на УЈП. Увери дека личните податоци на граѓаните се сигурни загарантирани и заштитени и дека и досега не се случило да се злоупотребат податоци од страна на вработени во Управата.

Од Заедницата на банки пак реагирале дека со овој начин на работа на Управата се нарушува начелото на банкарска тајна.

“Издавањето пополнети годишни даночни пријави е дел од реформата за поедноставување на постапките за плаќање на персоналниот данок на доход која УЈП ја спроведе со користење на средства од ЕУ ИПА фондовите.” – вели таа.

Со реформата остварените приходи во оваа година граѓаните догодина нема да ги пријавуваат сами преку годишната даночна пријава во УЈП туку УЈП нив ќе им достави пополнета годишна даночна пријава

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.