Јавноста бара одговорност – додека надлежните молчат и си ја префрлаат топката!

Објавил: Владо Марин | 29 јули, 2020 17:19

Се бара кривична одговорност и затвор за газдите кои парите од државата го ставија во џеб

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Кривично да се гонат газдите кои наместо на сметките на работниците државната помош за исплата на минималец од 14.500 денари си ја ставиле во џеб. Обвинителството веднаш да покрене истрага по допрен глас. Институциите да кажат кој ќе одговара и да не ги кријат, туку веднаш да ги објават јавно имињата на компаниите. А парите наменети за работниците да завршат на нивна сметка, а не да се вратат во Буџетот. Ова се само дел од жестоките реакциите во јавноста, по информацијата дека газди на околу 4.500 компании злоупотребиле над 2 милиони евра од парите за работниците добиени од државата.

Јавноста бара одговорност – додека надлежните молчат и си ја префрлаат топката.

Телма пишува дека постои чисто кривично дело измама и доведени се во заблуда два субјекта. Првиот субјект е државата, а вториот субјект се работниците на кои што требало да им бидат исплатени тие износи на име на помош. Државата е доведена во заблуда со самото аплицирање дека ќе им бидат исплатени во име на помош на работниците.

Тоа е дејствие на извршување на кривично дело од член 247 од кривичниот законик. Сметам дека е ова сериозен износ и во рамките на тоа за кој износ станува збор казната може да биде од година до 10 години. Можам јас, може секое лице од улица може да поднесе кривично дело за кое што се гони по службена должност,а секако подопрен глас јавноот обвинителство мора, би требало по принципот на легалитет да отвори истрага – вели Дукоски.

Универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ е дециден дека мора да им одговорност.

А владата при донесувањето на нови мерки, да не попушти како сега под влијанието на бизнисот, и парите наместо на фирмите да ги пушта директно на сметките на работниците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...