Веднаш по него од 1ТВ платиле и извадиле и банкарски извод дека сметката е активна.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 јуни, 2019 18:24

УЈП ја блокира сметката на 1ТВ поради неплатен ДДВ од 23 илјади евра!

Фото/Текст извор: ©faktor

Сметката на 1ТВ била блокирана, но откако оттаму денеска го платиле долгот, Управата за јавни приходи им ја тргнала блокадата.

Вака попладнево одговараат од УЈП на тврдењата од телевизијата според кои тие немаат блокада. Сепак од УЈП се децидни дека сметката била под блокада и дека банкарскиот извод кој 1ТВ го покажува е откако долгот бил расчистен.

„Во врска со Вашето прашање за блокираната сметка на правното лице 1Тв ДООЕЛ Скопје, Ве известуваме дека денеска откако е направена уплата на парични средства за исплата на долгот согласно евиденциите на Управата за јавни приходи, банкарската сметка на правното лице е одблокирана, стои во одговорот од УЈП.

Претходно во текот на денот Управата за јавни приходи ја потврди информацијата на Фактор дека сметката на правното лице 1ТВ Дооел Скопје е блокирана, но не соопштија детали.

„По однос на вашето прашање за причините врз чијшто основ сметката е блокирана, ве известуваме дека согласно Законот за даночна постапка УЈП е обврзана сите документи, информации, податоци или други факти до коишто дошла во даночна, прекршочна или судска постапка, да ги чува како даночна тајна, стоеше во тој одговор.

Веднаш по него од 1ТВ платиле и извадиле и банкарски извод дека сметката е активна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести