Мухиќ не го гласаше дневниот ред, Поповска и Морачанин побарале гаранции дека Заев има обезбедно поддршка од 80 пратеници за да гласаат за уставни измени

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 октомври, 2018 12:54

Ферид Мухиќ не гласаше за дневниот ред, за збор пријавени 66 пратеници

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратеникот од т.н. граѓанска листа на СДСМ, професорот Ферид Мухиќ остана достоен на зборот дека не го поддржува Преспанскиот договор.

Пратеникот на владеачката коалиција Ферид Мухиќ не гласаше за дневниот ред.

Така власта обезбеди само 71 пратеник “За” Преспанскиот договор.

Со тоа, ако Мухиќ опстане на неговите принципи на СДСМ и ДУИ ќе им бидат потребни уште 10 а не 9 пратеници на опозицијата за да го истуркаат новиот устав.

Воедно синоќа Заев има средба си со поранешната претседателска на ДОМ и новоименувата, Поповска и Морачанин, двете пратенички во законодавниот дом.

Поповска појаснила дека само при јасна слика дека Заев има обезбедено 80 пратенички мандати во поддршка таа ќе биде 81-виот решавачки глас во поддршка, во спротивно појаснила дека нема да ги поддрже уставните измени.

За денес според увидот во списокот на пријавени пратеници, за збор се пријавиле 66 пратеници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести