Фондот за здравствено осигурување на Македонија, спротивно од нормите за вработување на етничките заедници, во условите за работа како услов ја навел и националната припадност

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 октомври, 2018 14:50

ФЗОМ со огласи за вработување каде националната припадност е услов

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Фондот за здравство објави оглас за вроботување во Кратово, Струмица и Штип на кој главен услов е националната – етничка припаднос?!

СДСМ ветуваше професионална администрација во своите опозициски денови, нешто што засега не може да се види, досега граѓаните видоа голем број случаи на груба партизација на институциите, за што константно обвинува и опозицијата.

Наместо најавите дека способностите и квалитетите на кандидатите ќе бидат клучни за работно место во државната администрација, во самите огласи на партијата за раководни позиции клучниот дел е националноста.

Реакциите во јавноста се дека ова сосема спротивно од она што беше ветувано, бидејќи националноста која сега се бара нема и не може да има никаква врска со ветените способност и квалитет кои требаше да се бараат кај кандидатите.

Последен пример на прекршување на ова ветување се огласите за вработување во Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).

Во огласите за отворените работни места за раководители на подрачните единици во Струмица, Кратово и Штип се бараат тројца раководители, за кои е наведено дека треба да се Албанци.

Покрај тоа што тоа е спротивно со ветувањето на власта, друга нелогичност во овој оглас е што во овие градови во Република Македонија скоро и да не живеат лица со албанска националност.

Освен за овие три раководителски места, во сите други огласи за вработување во фондот, како еден од условите за вработување е наведена националноста. Во другите огласи работните места се предвидени само за лице од ромската заедница, само за Србин и само за лице турската заедница.

Погледнете ги огласите:

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ –  192/2018
за вработување на 10 јавни службеници од група I, подгрупа II во Фонд за здравствено осигурување на Македонија за следните работни места

1. ФЗО0102Б02001 Шеф на кабинет(2) извршител(и)

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Македонец(ка) 1, Албанец(ка) 1.

2. ФЗО0102В03001 Стручен соработник за управување со човечки ресурси, Одделение за управување со човечки ресурси, Сектор за управување со човечки ресурси(1) извршител(и)

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Албанец(ка) 1.

3. ФЗО0102В04001 Соработник за договори со здравствени установи, Оддел за болничка здравствена заштита, Одделение за договори со здравствени установи, Правен сектор(1) извршител(и)

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Албанец(ка) 1.

4. ФЗО0102В04001 Соработник за надоместок за лекови, Одделение за право од здравствено осигурување, Подрачна служба – СКОПЈЕ(1) извршител(и)
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Србин(ка) 1.

5. ФЗО0102В02001 Контролор, Одделение за контрола, Подрачна служба – СКОПЈЕ(1) извршител(и)

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Ром(ка) 1.

6. ФЗО0102Б02002 Раководител на подрачна служба – СТРУМИЦА(1) извршител(и)

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Албанец(ка) 1.

7. ФЗО0102Б03001 Раководител на подрачна служба – КРАТОВО(1) извршител(и)

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Албанец(ка) 1.

8. ФЗО0102Б02002 Раководител на подрачна служба – ШТИП(1) извршител(и)

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Албанец(ка) 1.

9. ФЗО0102Б04002 Републички контролор – инспектор, Оддел за контрола на установи од специјалистичко – консултативна здравствена заштита, Одделение за контрола, Сектор за контрола(1) извршител(и)

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2018 год. се : Турчин(ка) 1.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува  15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести