На местото на Зибери е назначен прим. д-р Стојанов кој е специјалист епидемиолог речиси 30 години и вработен во Центарот за јавно здравје. Тој е и магистер по јавно здравје. Беше директор на Центарот од 2002 до 2006 година.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јуни, 2020 15:53

ФИЛИПЧЕ ГО РАЗРЕШИ ЗИБЕРИ: Д-р Александар Стојанов назначен за нов в.д.директор!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк ( фото: Сител.мк)

Откако вчера најави, денеска министерот за здравство Венко Филипче го разреши в. д директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, д-р Арбен Зибери, а на негово место како нов в.д директор на Центарот за Јавно здравје е назначен д-р Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот.

Министер Филипче, престанете да ја злоупотребувате говорницата на Владата за изборни цели. Јас сум кандидат за пратеник и имам право да имам политички ставови на мојот личен профил на ‘Фејсбук’. Но и покрај ова, во ниту еден момент не ја злоупотребив институцијата со која раководам, нешто што за жал го прави министерот Филипче со овие изјави, кои имаат изборна позадина“, напиша вчера Зибери. (ФОТО: Нова Македонија)

„Зибери е разрешен заради пласирање на неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот“, соопшти Министерството за здравство.

На местото на Зибери е назначен прим. д-р Стојанов кој е специјалист епидемиолог речиси 30 години и вработен во Центарот за јавно здравје. Тој е и магистер по јавно здравје. Беше директор на Центарот од 2002 до 2006 година.

Ваквата одлука на министерот Филипче е поради објаваѕа на Зибери дека тој како член на Комисијата за заразни болести помогнал да се отворат границите без протоколи за да дојдат иселениците да гласаат за премиер Албанец. 

Инаку Зибери, е кандидат за пратеник и втор на листата на ДУИ во првата изборна единица.Тој по вчерашната изјава на министерот  во објава на Фејсбук, кажа дека како кандидат има право да изразува политички ставови на својот личен профил.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.