Откако беше обвинет дека реализира "наменет" тендер во вредност од 35 милиони евра, министерот Филипче и покрај што е по предистражна постапка, реши да го реобјави повторно

Објавил: Мартин Попоски | 8 ноември, 2018 7:48

Филипче и под истрага ќе распише нов 35 милионски тендер

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И покрај аферата со претходниот обид за реализира тендер за набавка на реагенси во вредност од 35 милиони евра, кој е под истражна постапка, министерот за здравство решен да објави нов.

Филипче не се откажува од 35 милионскиот тендер за набавка на лабораториски реагенси за крвни анализи.

Министерот за здравство не кажува кога ќе биде распишан нов јавен оглас, но потврди дека ќе ги земат во предвид забелешките од комисијата за јавни набавки за пропустите од претходниот тендер.

Серизоно ги разгледуваме забелешките и ја подготвуваме тендерската постапка која треба да следи. Мотивите се исти да се направи заштеда од 10-15 проценти. Доколку се покаже проектот дека нема да ни донесе бенефит кој го очекуваме нема да продолжиме. – изјави Венко Филипче.

По бурните реакции и сомнежи во јавноста како и по забелешките од комисијата за јавни набавки претходниот тендер беше поништен во август.

Конкурираше само една фирма, а надлежните тврдеа дека нема комплетна документација. За овој случај предистражна постапка отвори и јавното обвинителство.

Не би сакал да ја коментирам предистражната постапка. – додаде Филипче.

Инаку освен за детска кардиохирургија, мнистерот најави дека размислуваат за јавно приватно паретнерство и за Ин витро, Брза Помош и други специјалности. Но, претходно ќе правеле физибилити студии за да може да се искористи инфраструктурата на приватните болници во земјава.

Прашање кое отвора широка дилема и сомнеж е како Филипче кој е дел од предистражната постапка има право да го ре-објави истиот тендер за кој се формира предмет кој може да резултира до казни затвор?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...