Тој предупреди дека сепак не треба да се опуштаме бидејќи потоа ќе следува есента, кога бројот повторно може да се зголеми.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јуни, 2020 14:45

Филипче: Летово очекувам намалување на бројот на заразени

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче истакна дека со покачување на температурите и летниот период очекува намалување на бројот на заразени од корона вирусот.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Kовид-19

Тој предупреди дека сепак не треба да се опуштаме бидејќи потоа ќе следува есента, кога бројот повторно може да се зголеми.

-Пред нас имаме летни месеци. Во изминатите 5-6 дена факторот на пренесување е под единица и се надевам дека така и ќе остане и во следниот период и врз основа на тоа ќе видиме и намалување на бројот на пациенти. Ова го кажувам со резерва. Но потоа доаѓаат есенските месеци, луѓето ќе почнат повеќе од времето да го минуваат во затворено, школите ќе почнат со работа и тоа се сериозни ризик фактори, и тоа може да биде многу посериозен предизвик за нашиот здравствен систем од сега, рече Филипче.

Инаку вчера министерот Венко Филипче посочи дека бројката на новозаболени се должи на олабавување на рестриктивните мерки, но и една серија настани, семејни собири и прослави на кои не се почитуваа препорачаните мерки за носење маска, дистанца, дезинфекција и често миење на рацете.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.