Судијката при Кривичниот Суд Скопје, Кацарска, се надмина себе си, па денес од судницата ги казни и избрка сите адвокати, по што сама го слуша исказот на заштитениот сведок

Објавил: Мартин Попоски | 16 октомври, 2018 14:45

Фијаско на Кацарска, заштитениот сведок го слушаат само претставник на ОБСЕ и дипломат на САД

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Судијката Добрила Кацарска, по донесените казни и одлуки, се доведе во ситуација самата да го слуша исказот на заштитениот сведок.

Во судницата на Кривичниот Суд Скопје, се слуша исказот на заштитениот сведок поради кој Кацарска ја исклучи јавноста од процесот, поради можноста да биде откриен неговиот идентитет.

Откако Кацарска на реакциите на 50 адвокати на обвинетите дека немаат услови за работа во судницата, реагираше со тоа што сите ги казни со парична казна во висина од по 1.000 евра и ги избрка од денешното судење.

По ова се чекаше назачување на правни застапници по службена должност.

Обвинетите негодуваа при што ја напуштија судницата.

Технички во моментов сведочењето на заштитениот сведок го слушаат судијката Кацарска, обивнителката, вработени во администрацијата и претставникот на ОБСЕ и дипломат на амбасадата на САД во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.