Амди е секогаш со оној кој е на власт.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 мај, 2019 10:58

ФОТО: Амди Бајрам во први редови ја славеше победата на Пендаровски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Амди Бајрам вчера во први редови ја славеше победата на Стево Пендаровски. Тој заедно со сопартијците на новоизбраниот претседател славеше во штабот на  Пендаровски за неговата победа пренесе Пресингтв.

Амди Бајрам во штабот на Пендаровски слави за победата

Тој откако стави крај на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ по парламентарните избори во 2016 изјави дека Амди е секогаш со оној кој е на власт. Тој веднаш по промената на структурата на државата  премина во парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на премиерот Заев.

– Јас сум кај што сум. Јас кога го давам зборот, останувам таму. Значи кој е власт, увек сум со вас – рече Амди Бајрам за Пресинг.тв.

Инаку и самиот Амди непосредно пред изборите изјави дека ќе се кандидира за претседател на државата, по што имаше и стратегија за тоа како да ги стекне потписите, но на крајот се повлече.

Ваквата одлука била донесена од централниот одбор на Сојузот на ромите Амди Бајрам, да се кандидира за претседател, а за „Фокус“ Бајрам изјави  дека ќе мора да ја прифати одлуката на партијата и да влезе во трката за претседател на државата.

-Се кандидирам за да победам, а дали ќе победам ќе каже народот. Јас само можам да кажам дека Кока Колата ја пијат сите граѓани –рекол тој.

Инаку Амди Бајрам Амди Бајрам, претседател на Сојузот на Ромите на Македонија и член на Собранието во Македонија. Роден е на 30.8.1956 година во Скопје. Завршил средно образование. Добро ги знае турскиот, српскиот и албанскиот јазик.
   
Негови активности во Собранието

  • Комитет за односи меѓу заедниците.
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.
  • Комисија за транспорт, врски и екологија.
  • Комисија за труд и социјална политика.
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Романија.
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.