Проблемот со пласманот на ресенското јаболко остана нерешен

Објавил: Узунов Бобан | 12 април, 2019 10:13

(видео-фото) Еколошка катастрофа: Ресенското јаболко “пласирано” во Преспанското езеро

Фото/Текст извор: ©магазин

Проблемот со пласманот на ресенското јаболко остана нерешен  и покрај ветувањата на Владата и локалната самоуправа. Од проблем на преспанските земјоделци оваа година илјадници тони јаболка стануваат и еколошки проблем за Преспанското езеро. 

Магацинските простори во Преспа се испразнуваат и јаболката како никогаш досега  се исфрлаат и скапуваат по дворовите, нивите, реките и претставуваат вистинска еколошка закана за Преспа оваа пролет и лето. 

Фотографии од исфрлени јаболка секојдневно се објавуваат на социјалните мрежи, а видливи се тони  јаболка на површината на водата и на езерското крајбрежје во Претор.“.

„За ова стварно немам зборови, природата не е виновна за јаболката што останаа без пласман. Тоа ви е исто како во дворот да си ги истурите, коментираат граѓаните на Фејсбук. 

Од 60.00-70.000 тони од минатогодишната реколта остана непродаден, а ниските откупни цени од 3 до 5 денари значително ќе ја разнишаат  социјалната сигурност на преспанскиот земјоделец. 

Бидејќи власта не успеа да најде пласман на преспанското јаболко,  апелот на граѓаните на Ресен до Владата и локалната самоуправа беше да определат депонии, локации каде што јаболкарите ќе можат да го фрлат својот труд, односно преспанското јаболко.

Тие апелираа дека во една таква ситуација на неопределување на локација веројатна е еколошка катастрофа која како што се гледаме и се случува, а ваквите слики ќе бидат удар и за претстојната турситичка сезона

Од Здружението на овоштари „Благој Котларовски“ изминатиот месец дел од вишокот од јаболката го донираа по старски домови, болници и други социјални установи во земјава со цел да се донира, а да не се фрла во природата. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.