Социјалните мрежи беа преплавени со фотографии на кои се гледаат полициски возила кои ја заобиколија целата прилепска Стара чаршија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јули, 2019 16:17

ФОТО: Ова е рачната бомба која полицијата ја отстрани во Центарот на Прилеп

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото курир.мк

Прилепската полиција на нозе откако денеска во 12 часот беше поставена рачна бомба.

Бомбата беше фрлена денеска околу 12  часот во строгиот центарот на Прилеп во кафулето „Кафе ин“ во центарот на Прилеп. фото курир.мк

Социјалните мрежи беа преплавени со фотографии на кои се гледаат полициски возила кои ја заобиколија целата прилепска Стара чаршија.

Бомбата беше фрлена денеска околу 12  часот во строгиот центарот на Прилеп во кафулето „Кафе ин“ во центарот на Прилеп.

Полицијата почна да го ослободува просторот за нормално движење на граѓаните и одвивање на сообраќајот.

Како што информираат од СВР Битола експлозивната направа -рачната бомба ја пронашол околу 12,10 часот, сопственикот на кафе-барот Гоце Т. и веднаш ја алармирал полицијата.

Се чекаше да пристигне единицата за антитероризам од Скопје за да се констатира за што станува збор.

Се уште нема подетална информација за оваа ситуација која ги вознемири и ги шокира прилепчани.

 

На социјалните мрежи веќе се појави фотографија од бомбата, а полицијата за среќа ја отстрани  експлозивната направа.

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.