Владиниот протокол честопати со непрофесионални стандарди

Објавил: Узунов Бобан | 26 јули, 2019 12:50

(фото) Повторно утка на протоколот, Заев доби титула “Негова Екселенција”

Фото/Текст извор: ©магазин

Владиниот протокол чиј шеф формално е генералниот секретар на Владата Драги Рашковски а му одговара на кабинетот на премиерот го “унапреди” Зоран Заев.

Според поканата упатена од владата во врска со говорот на премиерот на Мечкин Камен на Илинден тој се нарекува:

“Н.Е. г. Зоран Заев
Претседател на владата на Република С.Македонија”, односно негова екселеција.

Во протоколарните практика терминот Н.Е. се користи и за шефови на Влади но во нормални демократски држави се избегнува самата влада да го именува својот шеф за екселенција.

Вообичаено е премиерот така да го нарекуваат на настани каде што е тој гостин но не и на настани кои ги организираат тој и неговиот протокол.

Терминот екселенција во буквален превод од англиски јазик значи извонреден.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.