Како е соопштено во воведот францускиот министер за животна средина поднесе оставка поради недоволна поддршка од Владата

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 август, 2018 12:18

Францускиот министер за животна средина поднесе оставка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Францускиот министер за животна средина Никола Ило денеска соопшти дека поднесува оставка поради недостиг на поддршка од Владата.

Тој образложи дека одлуката, која ја донел синоќа, е резултат на „насобрано разочарување“ поради неадекватните чекори во борбата против климатските промени, одбраната на биодиверзитетот и решавањето на другите закани по животната средина.

Француските медиуми коментираат дека повлекувањето на Ило, еден од најпопуларните членови на кабинетот, претставува сериозен удар за претседателот Емануел Макрон.

А колку сме ние блиску до Европа говори фактот што македонскиот министер за животна средина Садула Дураку не го признава Македонскиот јазик за службен во Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.