Како што ишува Цивил, станува збор за Митко Костадинов од Ново Село

Објавил: Данаил Михајловски | 26 септември, 2018 19:45

Функционер на СДСМ под кривична истрага за местење тендери

Фото/Текст извор: ©civilmedia

Митко Костадинов, функционер на СДСМ од Ново Село е првоосомничен за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, дознава ЦИВИЛ Медиа од неофицијални извори, а следејќи ја трагата на соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Костадинов, во својство на претседател на одбор на директори и вршител на функцијата главен извршен директор на АД „Водостопанство“ и сега веќе починатата Е.У. во својство на главен извршен директор на АД “Водостопанство” на РМ, „почестиле“ дури 11 фирми со тендери во периодот од октомври 2017 до февруари 2018 година.

Управителите на сите фирми сега се, исто така, под кривична истрага.

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(37), Х.Д.(34), М.В.(45), С.В.(20), К.Т.(36), М.О.(34) сите од Скопје и С.С.(54) од Штип, З.В.(42) од Виница, С.Ц.(37), Б.З.(41) и Л.П.(39), тројцата од Кавадарци и С.Б.(40) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување, соопшти МВР пред два дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.