Според СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила 109 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 48 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, тројца почетници и 33 возила кои биле нерегистрирани.

Објавил: Весна Петровска | 10 јуни, 2019 8:57

ХАОС ВО СКОПЈЕ: Тешко повреден велосипедист и четворица пешаци

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Тежок викенд  во Скопје, на градските улици се случиле 20 сообраќајни несреќи.

Како што информираат од МВР,еден велосипедист и четири пешаци се здобиле со тешки телесни повреди, а 26 лица се здобиле со лесни телесни повреди во вкупно 20 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиот викенд на  подрачјето на Град Скопје. Во 11 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Тешка ноќ за македонската полиција

Според СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила 109 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, 48 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, тројца почетници и 33 возила кои биле нерегистрирани.

За непрописно паркирање полицијата издала 191 мерка, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 90 возила.

Казнети се и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин, 16 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, осум возачи кои не дале превенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четири возачи за неправнилно престројување, три возачи за неправилно престигнување, 28 за некористење на заштитен шлем од страна на возачите на велoсипед со мотор, мопед и мотоцикл, 14 за неносење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторни возила, и 29 за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторни возила.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...