Потпретседателот дециден, Неа демократија неѓа да го промени ставот за договорот

Објавил: Данаил Михајловски | 26 септември, 2018 15:24

Хаѕидакис: Нова демократија нема да го промени ставот за Договорот од Преспа

Фото/Текст извор: ©миа

Остануваме на нашата позиција, кристално јасна е изјавата на Киријакос Мицотакис за ова прашање и нема да го промениме нашиот став, вели потпретседателот на грчката опозициска партија Нова демократија, Костис Хаѕидакис во интервју за радиото „Практорио фм“.

Чекаме да видиме по референдумот и резултатот од него, што ќе прави владата. Господинот Ципрас и господинот Коѕијас велат дека имаат мнозинство во парламентот, така да, штом имаат нека го донесат да го поддржат овој договор. Ние, она што го гледаме секој ден е дека другата страна тврди дека се Македонци, дека говорат чисто македонски јазик и мислам дека со ова се потврдува дека беа во право сите оние кои го критикуваа овој договор што е на товар на едната страна, вели Хаѕидакис, јави дописничката на МИА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести