Полицијата работи на расветлување на случаите од изминатите денови.

Објавил: Весна Петровска | 30 јули, 2019 8:55

Хроника во Македонија: Инциденти, сообраќајки, кражби , крвави драми – ова е сликата низ градовите

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Инциденти, сообраќајки, кражби,исчезнувања тепачки… ова е секојдневието низ градовите во Македонија.

Билтените на МВР секојдневно се полни со настани, полицијата полни раце работа насекаде низ земјава.

Полицијата работи на расветлување на случаите од изминатите денови.

Еве кои настани се случиле и за кои ќе се спроведат соодветни мерки според законот.

-Во СВР Охрид вчера околу 16,20 часот било пријавено дека на булевар „Туристичка“ во маркет едно лице се обидело да изврши разбојничка кражба односно да одземе одредени производи, но било спречено од вработените, при што една од вработените се здобила со повреда.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полицијата со полни раце работа

– На 29.07.2019 година во 01,05 часот во СВР Скопје К.А.(33) од Скопје пријавил дека на 29.07.2019 година околу 00,40 часот на улицата “Димитрија Чуповски“ пред спортска обложувалница бил физички нападнат од Н.С.(33) од Скопје.

Сочинет записник за константиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

Момче нападнало полицаец на должност на патот Куманово-Скопје, информира МВР.

Вчера во 02:50 часот на автопатот Куманово-Скопје поточно исклучок за обиколница додека полициски службеник вршел контрола на патничко моторно возило управувано од 55-годишниот С.Д. од Скопје бил физички нападнат од совозачот, 26-годишниот И.Д. од Скопје.

Против И.Д. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-Воспитувач во домот Ранка Милановиќ вчера пријавил дека од установата самоволно се оддалечил К.Д. (14), кој и претходно над десетина пати се оддалечувал и бил враќан од полицијата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...