Цариград ја призна автокефалноста на православната црква во Украина, по што патријархот на Руската православа црква објави дека се преминати црвените линии

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 октомври, 2018 9:24

Цариградската патријаршија и даде автокефалност на црквата во Украина

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Цариградската партијаршија соопшти дека го почна процесот за давање на независност на црквата во Украина во однос на Руската православна црква.

Цариградската патријаршија по одржаниот редовен Синод, соопшти дека е укината одлуката од 1686 година, според која Киевската митрополија и е предадена на Московската патријаршија.

Со укинување на таа одлука Цариградската патријаршија полага право на црквата во Украина.

Руските медиуми ја пренесуваат изјавата на портпаролот на патријархот Кирил, кој истакна дека одлуката е “легализација на расколот и оти претставува катастрофален потег со кој е помината црвената линија“.

Одлуката на Цариградската патријаршија ја коментираше и претседателот на Украина, Петро Порошенко, истакнувајќи дека тоа е прашање на украинската безбедност, државност и светската геополитика.

Тоа е пад на третиот Рим, наведе Порошенко, додавајќи оти Украина ќе ги гарантира верските слободи на припадниците на сите конфесии.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.