Забрчанец, да те потсетам – твојот премиер навреди и дискриминира

Објавил: Узунов Бобан | 14 август, 2019 9:50

Цветанова: Забрчанец, да те потсетам – твојот премиер навреди и дискриминира!

Фото/Текст извор: ©магазин

Советникот за односи со јавност на претседателот на Владата, Марјан Забрчанец, вчера на „Твитер“ му реагираше на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, кој напиша:

Забрчанец џабе сега „Извини до небо“. Зоран Заев употреби ‘Педер’ со цел навреда што е недозволливо и апсолутно спротивно на сите цивилизациски вредности! Само неколку часа претходно збореше за Презумција за невиност. Ова е вон контрола.

На ова советникот на Заев наместо да реагира за изјавата прашува од кога тоа ВМРО-ДПМНЕ браните ЛГБТИ права.

Чекај, вие браните ЛГБТИ права? Па честитки, сте излегле од ровот. Туку, зошто не гласавте за Законот за антидискриминација во кој се препознава сексуалната ориентација? Сега излезени од ровот, ќе гласате ли за Законот за ЈО?

На ова изнесување на Забрачанец, најдобро возвраќа поранешната министерка за култура Ганка Цветанова, која го потсетува:

Збрчанец, не станува збор за тоа кој ги брани или не туку кој ги навреди и дискриминра денес. Да те потсетам – твојот премиер Зоран Заев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.