Ефективноста на проектот кој трае четири години познат како "Ало докторе" не го оспорува никој, па ни министерот Филипче, само што заборавил да ги исплати лекарите за 12 месеци

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 ноември, 2018 8:25

Цела година, 25 ангажирани лекари од “Ало докторе” не зеле плата

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Јавно се говори дека лекарите и медицинскиот персонал масовно ја напуштаат државата во потрага за подобар живот, додека министерот за здравство си тера по старо, носејќи го системот пред колапс.

Цела година, 25-те ангажирани лекари во кол центарот кои деноноќно со совети им помагаат на пациентите, работат без пари. Од јануари досега не земале ниту денар, а неделно имаат повеќе од пет илјади јавувања.

Петмина од нив веќе се откажале од ангажманот, бидејќи не сакаат да работат без финансиски средства. Револтираните специјалисти на здравствените власти им даваат рок од еден месец да им ги исплатат сите заостанати плати, или повеќе нема да дежураат.

Од Министерството за здравство велат дека со ребалансот на буџетот биле предвидени пари за “Ало докторе” и ќе ги регулирале заостанатите обврски. Но лекарите велат дека тоа ветување го добивале од јуни досега.

“Ало докторе” почна со работа на 15 септември 2014 година, дваесет и четири часа се достапни за граѓаните кои имаат потреба од здравствени совети. Со нивното четиригодишно функционирање е олеснета работата на скопската брза помош.

Претходната власт, “Ало докторе” го отвори со цел граѓаните од цела држава да добиваат совети за болеста и симптоматска терапија и со тоа да го растеретат притисокот на Брза помош.

Првите неколку месеци, на телефонските јавувања одговараа и директорите на скопските клиники. Помош преку телефон барале и Македонци кои живеат во странство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...