Околу најавеното поскапување на електричната енергија, Бектеши информира дека за одлуката е надлежна Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 декември, 2021 10:11

Цената на струјата ќе биде во интерес на граѓаните, ветува Бектеши

Фото/Текст извор: ©магазин

Министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето на емисијата „Трилинг“ на ТВ24, ја повика и опозицијата, да седнат и да ги разгледаат и нивните анализи во однос на енергетската состојба и најавата за новата цена на струјата.

Околу најавеното поскапување на електричната енергија, Бектеши информира дека за одлуката е надлежна Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Секако, цената ќе биде во интерес на граѓаните и домаќинствата. Правиме големи напори да нема ценовни шокови и во делот на слободниот пазар, каде се поголемите потрошувачи и индустријата во целина.

Во делот на домаќинствата и малите потрошувачи, пазарот е регулиран и цените не можат да се менуваат, затоа што двапати годишно РКЕ носи цена за регулиран пазар.

Наредната година ќе биде 60%. За домаќинствата да не плаќаат поголеми цени за електрична енергија, во јуни донесовме и сега ќе донесеме одлука за ЕСМ да ги покрива потребите на ЕВН Хоум од 100%, рече Бектеши.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.