Грчката опозиција се погласна во име на граѓаните кои протестираат и бараат предвремени избори или референдум за да го поништат Договорот од Преспа

Објавил: Мирко Бачиќ | 11 септември, 2018 10:53

Ципрас да распише избори, граѓаните да го поништат Договорот од Преспа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Портпаролката на најголемата грчка опозициска партија и европратеничка, Мариа Спираки, го повика Ципрас да распише избори „за народот да го поништи договорот“.

Во однос на скопското прашање, наместо да прашува што ќе прави Нова демократија ако го ратификуваат договорот тој самиот и неговите партнери што му стојат на располагање, нека го стори она што се подразбира. Избори сега за граѓаните да го поништат договорот со гласањето, вели Мариа Спираки.

Од Нова демократија, претходно, коментирајќи ја прес-конференцијата на Ципрас рекоа дека тој „имаше храброст одново да го поддржи договорот кој на Скопје му отстапува „македонска националност“ и „македонски јазик“, а кој го отфрлаат мнозинството Грци.

Од кабинетот на Ципрас ги коментираа ставовите на Нова демократија, а во однос на прашањето за името и Договорот од Преспа, го повторуваат она што вчера го кажа грчкиот премиер на прес-конференцијата, дека Мицотакис „нема храброст да каже дека ќе го поништи Договорот од Преспа“ и едно кажува во внатрешноста на земјата, а друго надвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.