Во крајбрежните области помеѓу индонезиските острови Суматра и Јава,при голем налет на цунами загинаа 168 лица а над 745 се повредени.

Објавил: admin@magazin | 23 декември, 2018 9:55

Цунами во Индонезија.Најмалку 168 лица се згинати, а над 745 се повредени

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Најмалку 168 лица загинаа, а над 745 се повредени минатата ноќ при налет на цунами во крајбрежните области меѓу индонезиските острови Суматра и Јава, предизвикано од ерупција на вулканот Анак Кракатау.

Утрово соопшти портпаролот на индонезиската Агенција за справување со елементарни непогоди, Сутопо Пурво Нигрохо, дека најтешко е погодена провницијата Бантен, каде загинале најмалку 126 лица.
Исто така изјави дека се стравува оти билансот на жртвите може да биде и поголем, бидејќи властите се уште немаат податоци од сите погодени реони.

Високите бранови биле предизвикани од вулкан ,а цунамито удри во подрачјето на Сундскиот мореуз, без никакво предупредување од властите.Стотици објекти се уништени , а најголем број загинати има во регионите Пандегланг, Лампунг и Серанг.

При налетот на цунамито се разрушени стотици домови и други објекти.
Локалните жители и туристите да стојат подалеку од брегот, нагласувајќи дека тоа предупредување ќе биде на сила до 25 декември агенцијата ѕа метеорологија
– Ве молиме да не се приближувате до плажите. Оние кои се евакуирани се молат се уште да не се враќаат дома – соопшти Агенцијата.
Невремето урнало голем број дрвја кои ги блокираа патиштата, а тоа го отежнува пристапот на спасувачките екипи до настраданите. Во текот на денот ќе се објават повеќе информации за жртвите и повредените во цунамито, што ги зафати крајбрежните острови на Индонезија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести