Бејли за својот нетолерантен начин на агресивно мешање во македонската политика, се здоби со прекарите "чадорот" и "скопско Кале", за кои и самиот се шегуваше на своја сметка

Објавил: Мартин Попоски | 1 ноември, 2018 6:24

“Чадорот” од скопско Кале си заминува на почетокот на декември

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По речиси 4 години како амбасадор во Македонија американскиот амбасадор Џес Бејли до крајот на годинава, најверојатно до почетокот на декември, ќе ја напушти својата позиција.

Бејли заминува од функцијата амбасадор на Соединетите Американски Држави во Скопје информираат западни дипломатски извори.

Џес Липинкот Бејли дојде во 2014 година откако беше потврден како Амбасадор на САД во Македонија, од страна на Сенатот.

Тој предходно бил вршител на должноста амбасадор во Амбасадата на САД во Анкара, каде пристигнал во јули 2011 како заменик амбасадор. Пред тоа, тој работел во Стејт Департментот како директор на Канцеларијата за Јужна Европа, каде ги менаџирал билатералните односи со Турција, Грција и Кипар.

Засега нема најава каде амабсадорот Бејли кој е професионален дипломат од кариера ќе ја продолжи својата дипломатска активност.

Роден е во Синсинати, дипломирал на Универзитетот Јеил, а магистрирал Европска историја на Универзитетот Колумбија. Зборува француски, турски и тајландски јазик. Женет е со Кејпи Полк Бејли со која има еден син, Ноа, кој е студент.

Пред пристигнувањето во Македонија тој ги поткрена тензиите во земјава откако на сослушувањето во американскиот Сенат изјави дека во земјава живееле мнозинство Словени и малцинство Албанци.

Во структурата на македонското општество има повеќе од само Словени и Албанци. Има Турци, Роми и други, па ова е микроначин за богатството на Балканот и да се спои целото ова население во заедничка иднина. Мислам дека САД може да одиграат важна улога, поради својата историја и своите вредности. –  рече Бејли во 2014 година пред пристигнувањето во Македонија по што мораше да се дообјаснува пред македонската јавност. .

Амбасадорот Бејли сќе биде заменет со дипломат од кариера која добро ја познава состојбата во регионот и кој одлично го познава процесот на преговори за името со Грција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести