Јавното Обвинителство на Косово со полни раце работа, најмалку четворица министри и петмина пратеници се со кривични пријави за корупција и злоупотреба на службена должност

Објавил: Мартин Попоски | 28 септември, 2018 11:10

Четвртина од косовските министри и повеќе пратеници се со кривични пријави

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Косовското Јавно обвинителство има покренато обвиненија против неколку членови на владиниот Кабинет за “злоупотреба на службената должност” и за “корупција”.

Со проблеми со законот се соочуваат и повеќе пратеници во косовското Собрание, пишува денеска весникот “Зери” по повод апсењето на двајца пратеници, обвинети за закани кон обвинители.

Претставници на граѓанскиот сектор за весникот велат дека владеењето “со чисти раце” не може да се спроведе со министри или високи јавни функционери кои имаат проблеми со законот.

Mинистрите за инфраструктура Паљ Лекај, за иновации и претприемништво Бесим Беќај и за Безбедносните сили на Косово (ФСК) Рустем Бериша се некои од актуелните министри кои продолжуваат да ги водат владините ресори и покрај тоа што Обвинителството води истраги против нив.

Исто така, обвиненија од Специјалното обвинителство се подигнати и против пратениците Зенун Пајазити, Миљаим Зека и Шкумбин Демалиај, тројцата од партиите од владејачкото мнозинство, како и против повеќе пратеници на опозициоското Движење Самоопределување (ВВ), главно поради фрлање солзавец во Собранието.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.