Најголемиот македонски спортист на сите времиња, Шабан Трстена, со порака до македонските институции за успехот на Марко Пејчиноски

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 август, 2018 12:31

Шабан Трстена: “Aко не го направите Maрко светски шампион, ќе ви ја скршам кичмата!”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

12-годишниот Марко Пејчиноски кој со преживеан инфаркт на долните екстремитети го преплива Охридското езеро на релација Свети Наум – пристаниште Охрид е главна тема поради огромниот успех кој го направи. 

По тој повод на социјалните мрежи се јави поранешниот олимписки шампион во борење, Шабан Трстена кој се „закани“ дека ќе крши кичми доколку детето не стане европска и светска сензација.

Браво за 12 годишното момче Марко Пејчиноски! Покажа храброст, што е мотив, го преплива Охридското  Езеро! Луѓе, детево има само 12 години а преплива 30 километри, односно од Свети Наум започна да плива околу 09:30 часот, а на Градското пристаниште во Охрид пристигна околу 18:20 часот. 9 часа без ниту една минута пауза. Значи, никој не треба да ја уверува јавноста дека младото момче е талент! Е па стучњаци, имате пет до седум години детево да го направите европски и светски херој, ако не успеете во тоа, јас, како олимписки шампион, ако Господ ме поживее до тогаш, кога треба да наполнам 63 години, немој да ми излезете пред очи, оти ќе ви ја „скршам кичмата“!

Шабан Трстена е македонска спортска легенда. Трстена е поранешен репрезентативец на Југославија во борење каде освоил 2 Олимписки медали, една Светска титула, 8 Европски и е трократен првак на Медитеранските игри. Освоил 715 борби од 741 во кариерата.

Најголемиот спортист на сите времиња од Македонија понатаму во својот ФБ пост се објаснува:

Зошто го велам ова?! Затоа што имате прекрасен, брилијантен, 12-годишен супер талент да направите голем шампион со кога ќе се гордееме сите и за кого ќе навиваме сите! Немој само декларативно, како извевтени спортски работници, да велите дека сте за спортот и дека се гордеете со Марко и со неговиот подвиг, туку бидете конкретни и зафатете со работа, односно помогнете му да ја изоди шампионската петка.

Јас лично овие денови ќе отидам да му честитам на малиот шампион на овој голем историски успех. Сите сакаме успеси, не бидете неми набљудувачи, туку активни подржувачи на малиот херој!“, пишува Трстена на својот фејсбук профил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...