Само оние кои ќе патуваат од Белгија, Чешка, Андора и Ерменија се бара да го одржат карантинот во Швајцарија во рок од 10 дена.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 октомври, 2020 7:27

Швајцарија ги отстранува Македонија и Албанија од карантинскиот список!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Федералната влада на Швајцарија во својата најнова одлука класифицираше само четири земји како области со голем ризик.

Од четврток списокот на ризични места ќе биде помал.

Белгија, Чешка, Андора и Ерменија ќе продолжат да бидат во опасната зона за Швајцарија, додека Северна Македонија и Албанија се отстранети од карантинскиот список.

Северна Македонија и Албанија нема да бидат во зоната на ризик, иако последните податоци покажуваат зголемување во овие две земји, но сепак многу пониско отколку во швајцарската држава.

Само оние кои ќе патуваат од Белгија, Чешка, Андора и Ерменија се бара да го одржат карантинот во Швајцарија во рок од 10 дена.

Од денеска пак во Македонија, стапува на сила мерката за задолжително носење маска и на отворено, откако синоќа во Собранието пратениците гласаа за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.