Во 24 часа починале шестмесечно бебе во Штип и 74 годишен старец во Свети Николе

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 август, 2018 11:24

Шестмесечно бебе починало во Штип – Скопјанец починал на трактор па излетал во река

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Починато шестмесечно женско бебе од Штип вчера во 10 часот било донесено од страна на таткото Џ.О. во штипската Клиничка болница.

Како што соопшти МВР од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телотот на починатото бебе ќе биде дадено на обдукција.

Седумдесет и четири годишниот скопјанец С.П. вчера починал управувајќи трактор “ИМТ 533” на некатегоризиран пат во село Ќоселери општина Лозово по што изгубил контрола и излетал во река.

Смртта била констатирана од лекар од Јавната здравствена установа Свети Николе.

Увид на местото извршила екипа од Полицската станица Свети Николе.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.