Шилегов на новинарското прашање дали се фотографирал со Боки 13 и колку е близок со него, одговори дека не се сеќава точно смета дека има една фотографија со него:

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 септември, 2019 11:10

Шилегов: Со Боки 13 мислам дека имам само една слика

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје во изјава за ТВ Алфа истакна дека правосудниот систем не ја заврши до крај професионалната улога околу случајот „Рекет“ во кој се осомничени и притворени Боки 13, Зоки Кичеец и обвинителката Катица Јанева. Шилегов истакна дека обвинителството требало да работи поинтензивно на случајот.

Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов на новинарско прашање дали се фотографирал со Боки 13 и колку е близок со него, одговорил дека има еднафотографија со Боки

-Очекувам што е можно побрзо обвинителството да ја заврши истрагата ако има инволвирани или има сознанија, не е мое да се мешам. Сум човек кој откако сум влезен во политиката се залагам исклучиво за владеењето на правото. Ако мене ме прашувате, ќе мораше малку поинтензивно да си ја работат својата работа и јавното обвинителство и судовите. Непринципиелно е да очекувате дека градоначалникот на град Скопје, претседателот на Владата или министерот за внатрешни работи некого ќе затвара. Тоа е работа на јавните обвинителства и на судовите. За жал мојата констатација и како адвокат е дека не до крај совесно и не до крај одговорно ја завршија работата судовите и тука ќе треба да се позамисли секој од нас. Досега немаме достигнато високо ниво на професионалност ни во обвинителскиот систем, вели Шилегов за ТВ Алфа.

Шилегов на новинарското прашање дали се фотографирал со Боки 13 и колку е близок со него, одговори дека не се сеќава точно смета дека има една фотографија со него:

-Можеби имам фотографија и со вас, а можеби и немам. Во јавниот живот во нашата држава политичарите се најекспонирани. Секакви луѓе ни приоѓаат и со секакви луѓе се сликаме. Со Бојан Јовановски мислам дека имам една слика која беше на отворањето на телевизијата 1ТВ , и не мислам дека фотографија со било кого може да биде индиција за било што, додава скопскиот градоначалник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.