Ова видео е поставено на каналот ЈуТјуб уште на 8 минатиот месец

Објавил: admin@magazin | 11 август, 2018 7:43

Шилегов со старо видео повторно ги лаже граѓаните

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Град Скопје со видео старо еден месец ги убедува скопјани дека утринава прскал против комарци.

Линкот од материјалот снимен од авион со објаснување дека е од утринското прскање е поставен на денешното соопштение на градските власти и објавен на официјалната веб-страница.

Во информацијата за граѓаните градот наведува дека од денеска започнало продолжено и засилено прскање против комарци. Наместо два дена, прскањето ќе трае четири.

Но, проблемот е што ова видео е поставено на каналот ЈуТјуб уште на 8 минатиот месец, а градот тврди дека е од денеска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.