По инвазијата од комарци во Скопје Шилегов конечно ќе преземе мерки во август

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 август, 2018 11:07

Шилегов ќе снима за да докаже дека прскал против комарци

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За да ги увери сомничавите и испокасни граѓани на Скопје дека навистина прсска против комарци Шилегов реши дека ќе ги снима прскањата.

Со камера на воздухопловот и снимка од прскањето град Скопје ќе докажува дека прскале против комарци во главниот град.

Планирано е да се постави камера и целиот процес да биде снимен. Следното прскање е закажано за викендов.

Како никогаш досега во Скопје врие од комарци а причина за тоа е одолговлекувањето на Град Скопје да изврши прскање против комарци.

Врие од комарци во парковите и покрај реката Вардар. Децата се со убоди по целото тело поосетливите со денови не одат во градинка и пијат антибиотици против компликациите а не помагаат ниту хемиските средства против убоди. Од град Скопје велат дека викендов ќе има и трето прскање.

Од април кога започнува прскањето до август на крајот на летото Градот направил само две фази прскања во кои е вклучено и авионско и прскање од земја. Викендов е третото а планирани се уште две до крај на летото или вкупно пет за сезонава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести