Според истражувањето на научниците од Универзитетот Принстон влијанието на климата на ширењето на вирусот е „скромно“, односно не игра голема улога.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 мај, 2020 11:26

ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ НА ГРУПА НАУЧНИЦИ: Летото нема да го сопре коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иако на почетокот на епидемијата со коронавирус се предвидувапе дека со летото и повисоките температури, вирусот ќе исчезне сепак група научници од Универзитетот Принстон во својата студија објавена во магазинот “Science”тврдат дека летните температури во северната хемисфера веројатно нема значително да влијаат на коронавирусот.

Авторите на оваа студија сметаат дека доколку во блиска иднина не се измисли лек или вакцина против коронавирусот, тој ќе продолжи да се движи меѓу големите делови од светската популација и подоцна ќе стане сезонска болест.

Според истражувањето на научниците од Универзитетот Принстон влијанието на климата на ширењето на вирусот е „скромно“, односно не игра голема улога.

„Нашите откритија покажуваат дека без ефикасни мерки на контрола, вирусот ќе продолжи да се шири и во топло и влажно време. Таквите временски услови нема значително да ја сопрат пандемијата“, стои во студијата.

„Предвидуваме дека потоплото и повлажното време во првата фаза нема да го забават ширењето на вирусот“, изјави Рејчел Бекер од Принстон.

Според групата научници од Принстон, во овој момент најважно е ширењето на колективниот имунитет на Ковид-19.

„Општо говорејќи, вирусот ќе продолжи да се шири затоа што меѓу населението нема доволно имунитет“, појасни Бекер и додаде дека во земјите како Бразил, Еквадор или Австралија, во кои времето е потопло, не било забележано влијание на временските прилики на ширењето на вирусот.

Авторите на оваа студија сметаат дека доколку во блиска иднина не се измисли лек или вакцина против коронавирусот, тој ќе продолжи да се движи меѓу големите делови од светската популација и подоцна ќе стане сезонска болест.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.