На клиниката се направени најмалку 7 трансплантации, односно 7 вонтелесни оплодувања, но се сомничи дека тој број е многу поголем.

Објавил: admin@magazin | 4 април, 2019 18:55

ШОК: На Косово е повторно откриена нелегална трговија со органи !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Полицијата во Косово уапси 5 лица поради сомневање дека на една приватна „ДИВА„ клиника блиску до Приштина, илегално се тргувало со човечки органи и се извршувале незаконски трансплатации.

На Косово е повторно откриена нелегална трговија со органи. Се претпоставува дека во целиот случај со тргување на органи се поврзани Албанци.

Косовската полиција во акцијата која беше спроведена во вторникот и средата уапсила 5 лица, кои се сомничат дека на една приватна клиника блиску Приштина илегално се тргувало со органи или извршувале незаконски трансплатации.

На лице месо се пронајдени и материјални докази. Покрај останатото се пронајдени и здравствени картони како и друга медицинска документација, а истрагата во овој случај траеше неколку месеци, пишува српски телеграф.

Се сомнева дека оваа дива клиника работела исто така и со трговина на матични ќелии а на истото место биле направени многу вонтелесни оплодувања.

На клиниката се направени најмалку 7 трансплантации, односно 7 вонтелесни оплодувања, но се сомничи дека тој број е многу поголем. Многу од клиентите доаѓале од Запад, а после транспатациите докуменнтацијата се уништувала.

Клиниката по налог на инспекцијата е затворена, а ова е втор случај на Косово во последните неколку години.

Пред неколку месеци двајца Албанци од околината на Приштина осудени беа на затворска казна, затоа што се утврди дека учествувале во илегални трансплантации на 23 опеации и трансплантации на бубрези.

Приштинскиот уролог Лјуфтија Дервишај, осуден е на 7 ипол години затвор и парична казна од 8.000 евра, а Соколј Хајдини на 1 година затворска казна.

Во овој случај поврзан за клиниката „Медикус„ купувачите на органи во повеќето случаи биле од Израел, а операцијата за бубрег чинела од 80.000 до 100.000 евра !

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.