Во последните месеци, за инцидентите кои ги предизвикуваат локани "шерифи" на СДСМ, постојано има обид од МВР за "заташкување" од јавноста

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 август, 2018 12:13

Шоферот на градоначалникот на Ресен пцуел па се обидел да тепа полицајци

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера вечер во 03:15 часот изби инцидент во ноќен клуб во Ресен каде инволвиран беше шоферот на актуелниот градоначалник на Општина Ресен Живко Гошаревски.

Имено, настанала вербална и физичка пресметка помеѓу сопственикот на клубот, обезбедувањето и шоферот на градоначалникот Цветан Карапалевски.

По пријава за нарушен ред и мир од страна на граѓанин на Ресен, присутен во клубот, пристигнале полициски службеници кои по изведувањето на лицето од клубот, биле физички нападнати од негова страна. Во самоодбрана, за да се спречи понатамошен инцидент, еден од нападнатите полицајци три пати пукал во воздух.

По обидот да се прикрие настанот СВР Битола – полициска станица Ресен излезе со официјално соопштение:

На 28.08.2018 година во 03.15 часот по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир во ноќен клуб во Ресен, полициски службеници од Полициската станица Ресен се упатиле на местото на настанот, каде што го нашле пријавителот Ф.И. и неговата сестра С.И.

Во еден момент, пришло лицето Ц.К. кој најпрвин почнал да ги омаловажува и да им се заканува на полициските службеници, а потоа и на пријавителот кого потоа физички се обидел да го нападне, но во намерата бил спречен од полициските службеници кои пристапиле кон негово приведување. Ц.К. пружал отпор, а напоредно со ова на местото на настанот се собрала група граѓани од кои четири лица директно се обиделе да го спречат приведувањето.

Тогаш еден од полициските службеници испукал предупредувачки истрел во воздух, по што групата се повлекла. Ц.К. е приведен во ПС од ОН Ресен. За настанот е известен дежурен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно документирање и расчистување на истиот. – стои во билтенот на МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести