Италијански рецепт со префинет вкус.

Објавил: admin@magazin | 23 февруари, 2019 22:59

Шпагети со сланина и јајца

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Пригответе ги овие шпагети на италијански начин и уживајте во совршениот оброк.

Италијанската кујна е позната по многубројните специјалитети во кои се вбројуваат и тестенините во комбинација со многу вкусни сосови и зачини. 

Шпагети се тестенини со тенок и издолжен облик, отприлика 2 mm дебели и 30 cm долги кога се несварени. Шпагетите главно се продаваат во пакување од 500 грама. Се спремаат така што се варат во посолена вода од 5 до 10 минути.

Состојки:

400 г сланина, исечена на коцки
1 пакетче шпагети
200 г рендан пармезан
3 јајца (на собна температура)
малку сечкан магдонос
3 лукчиња (сосе лушпа)
5 лажици маслиново масло

Приготвување:

Зовријте солена вода во големо тенџере за да се сварат шпагетите. Во сад промешајте ги јајцата со виљушка и додајте најголем дел од кашкавалоt(оставете малку за гарнир). Со нож подзгмечете ги лукчињата, без целосно да ги здробите. Во голема тава на средно висока температура ставете го маслиновото масло и додајте го лукот. Додека се динста лукот, притискајте го со дрвена лажица за да пушти вкус. По минута-две додајте ги коцките сланина и пржете околу 5 минути (не треба сланината да стане крцкава). Тргнете го лукот и намалете на ниска температура. Сварете ги шпагетите според упатството и исцедете ги. Во истата тава (во која се вареле шпагетите) додајте малку маслиново масло и вратете ги сварените шпагети.
Измешајте ги сланината, смесата од јајца и пармезан и сечканиот магдонос. (Јајцата, сланината и кашкавалот треба да се залепат на шпагетите).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.