Општина Прилеп ги заврши проценките на штетата од невремето кое летово го зафати прилепско а од кое најголема штета претпреја земјоделските посеви и култури

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 септември, 2018 8:03

Штетата од невремето во Прилеп проценета на три милиони евра

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Повеќе од три милиони евра е штетата од невремето што го зафати Прилепскиот Регион на 23-ти јули годинава.

„Денеска Советот на Општина Прилеп го усвои заклучокот од Комисијата за процена на штетите од невремето што го зафати подрачјето на општината, а кој ќе биде испратен до второстепената комисија при Владата на Република Македонија.

Очекуваме во најбрз временски рок Владата да донесе одлука за сумата и опфатот со кој ќе се изврши обештетување на земјоделците“, изјави Миле Талевски, претседател на Советот на Општина Прилеп.

Центарот на Општина Прилеп, по невремето кое го зафати прилепскиот регион.

Првиот човек на Комисијата за процена штети од елементарни непогоди, Жарко Северкоски, ги соопшти податоците за вкупната штета настаната од невремето, како и за бројот на поднесени барања од страна на земјоделците од регионот.

„Вкупната површина на земјоделско земјиште зафатено со невремето изнесува 10.571.762 метри квадратни, а висината на штетата изнесува 186.609.144 денари. Најголеми оштетувања има на тутунот, или над 60 отсто од површините погодени од невремето. Поднесени се 1.315 барања за надомест на штета, од кои на 1.263 барања е направена поединечна процена. Одбиени се 40 барања како некомплетни, 7 не се разгледани бидејќи се поднесени од ДООЕЛ-и, а 5 барања се препратени во други општини, каде што припаѓаат катастарските парцели“, истакна Северкоски.

Тој напомена дека збирниот извештај од процената на штетите ќе биде испратен до второстепената владина комисија. По добивањето на одговорот од Владата, Советот на Општина Прилеп ќе донесе одлука за сумата со која ќе бидат обештетени земјоделците.

Ова е прв случај една општина да одделува буџетски средства за надомест на штета настаната на земјоделски производи, иако на тоа не е законски обврзана.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството.

Николовски: Нè очекува тешка зима – ќе се промени новиот модел за субвенции во земјоделството

Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување...

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики...

„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ - велат од Асоцијацијата на земјоделци.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ: ТРОШОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 80 ПРОЦЕНТИ

Славе Петров од Кочани почна со подготовка на нивите за сеидба. Тој наместо со трактор...

Имајќи ја во предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите кои што оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи.

Забранет е извоз на пченката, брашното и маслото

За одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар...