Големиот дијамант што го носеше Лејди Гага околу вратот е од 128,54 карати и се проценува дека чини 30 милиони долари, а е во сопственост на популарниот бренд Tiffany & Co.

Објавил: admin@magazin | 26 февруари, 2019 12:17

Ѓерданот што го носеше Лејди Гага на доделувањето на Оскарите е вреден 30 милиони долари

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

32-годишната пејачка и актерка Лејди Гага на доделувањето на Оскарите носеше црн фустан од Александар МекКвин и накит со редок скапоцен камен.

Големиот дијамант што го носеше Лејди Гага околу вратот е од 128,54 карати и се проценува дека чини 30 милиони долари, а е во сопственост на популарниот бренд Tiffany & Co.

Овој скапоцен дијамант е носен само неколку пати во историјата. Претходно, жолтиот камен беше дел од накитот кој Одри Хепберн го носеше за снимањето на промотивни материјали за култниот филм „Breakfast at Tiffany’s“.  Таа се закити со Оскар за Филмот “A Star Is Born” за изведбата со Купер кои беше номиниран во неколку категории, доби Оскар за оригиналната песна “Shallow”.

Нејзиното право име е Стефани Џоан Анџелина Германота а на светската јавност е позната по нејзиното сценско име Лејди Гага. Започнала да изведува на музичката рок сцена во Њујорк во Lower East Side. Набрзо потоа потпишува договор со Streamline Records, огранок на Interscope Records, веднаш по нивното формирање во 2007. 

Нејзиниот прв албум The Fame (Славата) се најде на прво место на топ листите во САД и во Велика Британија. Лејди Гага е инспирирана од глам-рок музичарите какви што се David Bowie и Freddie Mercury, но исто така и од поп музичарите какви што се Madonna и Michael Jackson.

Таа исто така изјави дека модата е извор на инспирација за нејзиното пишување на песни и нејзините изведби. До денеска, таа има продадено над осум милиони албуми и над триесет и пет милиони синглови ширум светот.

[ngg src=”galleries” ids=”1″ display=”thumbnail”]

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.