Ѓумбирот потекнува од тропските низински шуми во подрачјето од Индискиот Потконтинент до јужна Азија, каде и денес највеќе се произведува.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 февруари, 2020 21:17

Ѓумбир – лековити својства

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Ѓумбирот илјадници години се користел како зачин и лек, па до денес луѓето го користат неговото моќно дејство.

Ѓумбир е цветно растение од Азија чиј ризом се користи како зачин и како народен лек.
Ова е лиснато повеќегодишно растение кое се состои од едногодишни лажни стебла (свиткани лисни дршки) со тенки листови и високо е околу еден метар.

Соцветијата имаат бледожолти цветови со виолетови примеси кои никнуваат право од кореништето на посебни фиданки. Растението му припаѓа на семејството на ѓумбирите (Zingiberaceae), во кое спаѓаат и куркумата (Curcuma longa) и кардамомот (Elettaria cardamomum).

Чајот од ѓумбир помага при лекување на болно грло, сува кашлица и ги ублажува симптомите на настинка. Содржи антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и го намалуваат ризикот од срцев удар.

Кај нас ѓумбирот е распространет во две форми – како свеж корен или во прав. Доколку имате можност да избирате, давајте му предност на свежиот ѓумбир.

Ѓумбирот води потекло од тропските дождовни шуми во јужна Азија каде растенијата се одликуваат со значајна генетска разноликост. Се вбројува меѓу првите источни растенија доведени во Европа со трговијата со зачини уште во стариот век и се користел во стара Грција и Рим. Растенијата од родот копитник (Asarum) се нарекуваат див ѓумбир поради сличниот вкус.

Потекло и распространетост
Ѓумбирот потекнува од тропските низински шуми во подрачјето од Индискиот Потконтинент до јужна Азија, каде и денес највеќе се произведува. Во овие краишта и денес се среќаваат диви сродници на ѓумбирот, а истото важи и за други тропски и суптропски делови од светот како Хаваите, Јапонија, Австралија и Малезија.

Растението има лутникав вкус и својствен мирис. Младите ризоми се сочни и месести, со поумерен вкус. Се користи свеж во готвењето, скиселен во оцет или отстоен во ракија. Од него се прави билен чај, се приготвуваат ѓумбирови напитоци или се кандира. Кога е сомелен, ѓумбирот се става во колачи, бисквити и други слатки јадења.

Ѓумбирот потекнува од тропските низински шуми во подрачјето од Индискиот Потконтинент до јужна Азија, каде и денес највеќе се произведува.

Узреаните ризоми се влакнести и речиси сосема суви. Сокот од коренот е честа состојка во индиската, кинеската, корејската, јапонската, виетнамската и други азиски кујни.

Чајот од ѓумбир помага при лекување на болно грло, сува кашлица и ги ублажува симптомите на настинка. Содржи антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и го намалуваат ризикот од срцев удар.
Свежо приготвениот чај од ѓумбир го намалува стресот, ја поттикнува будноста и ја зголемува енергијата.
При силни менструални болки се препорачува на стомакот да се постави крпа натопена во топол чај од ѓумбир.

Подготовка на чај од свеж ѓумбир:
1. Исечете 3-4 тенки ленти свеж ѓумбир и ставете ги во 400 милилитри зовриена вода. Покријте го садот и оставете го да стои 10-ина минути додека да добие боја.
2. Четвртина шолја изрендан ѓумбир додајте го во еден литар зовриена вода. Варете 4 минути на тивко, а потоа процедете ја течноста во чаши.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...