Министерската за одбрана, вечен заменик или потпретседател во СДСМ, Радмила Шекеринска, индиректно со изјава дека освен судството виновен е и ресорниот министер Спасовски

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 ноември, 2018 6:25

Јавноста очекуваше судски пресуди, сега очекува одговорност

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Околу бегството на поранешниот премиер, актуелен пратеник, Никола Груевски, се огласи и Радмила Шекеринска, која го пофали СДСМ но не и министерот Спасовски.

Имено заменик претседателката во Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска одговори на повеќе прашања поврзани со потрагата по поранешниот премиер Никола Груевски кој требаше да се јави на отслужување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

Во изминатиов период, ние многу инвестиравме да покажеме дека МВР не е веќе ВМРО. Но моравме да покажеме дека МВР не е ни СДСМ. И тоа го покажавме. Во оваа држава точно се знае кога Министерството за внатрешни работи може да се активира. Во тој момент кога ќе добие налог од надлежен Суд. Се останато би било истото МВР-ВМРО само во друго пакување.

Факт е дека целата јавност очекува, како што претходно очекуваше судски пресуди, сега очекува одговорност.

И навистина ќе се постави прашањето, како лесно, одредени судски инстанции одлучуваат за притвори за многу поситни дела, а како по прашањето на бомбите и по прашањето на одговорност за сите овие долги злоупотреби, тешко се одлучуваа за притвор.

Не можеме ние како Влада, да се мешаме во судската власт. Не можеме да го земеме ниту нивниот дел од одговорноста, ниту нивниот дел од задачите. Со право ќе бевме критикувани, ако Министерството за внатрешни работи, реагираше пред да има официјален налог.

А сега судството треба да истражи зошто за овие случаи, велам, толку тешко применуваат притвор, а веќе им избегаа одредени луѓе и зошто требаше, ако не се лажам четири дена, за налогот од Суд, да стигне во Министерството за внатрешни работи?

Но нема да ги решаваме проблемите ако Владата стане и обвинителство и судство и извршна власт. Тоа ќе биде нов проблем само со ново име. Или со нов печат, истакна Шекеринска.

Министерката за одбрана додаде и дека овој случај треба да се решава во рамките на правниот систем а не преку политички одлуки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести