Саботажа во храната или грешка при одгледување, предизвика вистинска параноја во Австралија и Нов Зеланд од јагоди кои во себе содржат игли за шиење и шрапнели

Објавил: Мартин Попоски | 24 септември, 2018 9:16

Јагоди со специјален додаток, игли за шиење?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Психоза околу контаминираните австралиски јагода се шири во Нов Зеланд, каде еден синџир супермаркети  соопшти дека во една кутија со јагоди, по потекло од Австралија, се пронајдени игли за шиење.

Трговскиот синџир “Каунтдаун” соопшти дека повлекува марка австралиски јагода откако откриле игли во кутијата со овошје во продавница во Оукленд.

Овошјето со потекло од Западна Австралија минатата недела се продаваше во сите продавници на тој синџир во Нов Зеланд, а беше забележан само еден инцидент.

“Ние многу сериозно ја сфаќаме безбедноста на храната.” – се вели во соопштението на портпаролот на компанијата. “Купувачите можат да ги вратат во продавницата сите јагоди од марката “Чоиз” а парите ќе им бидат во целост вратени”.

Синџирот, исто така, ги советуваше корисниците да ги пресечат јагодите и од други австралиски марки пред да ги јадат.

Во Австралија, полицијата евидентираше стотици инциденти поврзани со игли или шпенадли во овошје, по првите случаи во државата Квинсленд, во североисточниот дел на земјата.

Вулвортс Австралија, фирма мајка на “Каунтдаун” ги повлече иглите од нејзините полици поради психозата, а исто така и како “мерка на претпазливост”.

Владата на шкотскиот премиер Скот Морисон во четвртокот успеа во Парламентот да го помине законот со кој саботажата на храна предвидува затворска казна од 15 години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.