Јанева своето прво гостување по бегството на Груевски и најавата дека ќе стане државен орган, го најави на телевизијата каде нејзиниот син е директор на правна служба

Објавил: Мартин Попоски | 15 ноември, 2018 14:25

Јанева “влезе” во медиумите, синот вработен во телевизијата на Боки 13

Фото/Текст извор: ©svedok.org.mk

Гевгеличанецот Лазар Јанев, синот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, од неодамна е вработен во телевизијата 1ТВ која сама се прогласи за лидер во медиумскиот простор, чиј споственик е Бојан Јовановски – Боки 13.

Младиот правник Јанев, како што откриваат вработени во оваа телевизија за Сведок, им бил претставен како “директор на правна служба“ со кого ќе можат да се консултираат доколку имаат правни дилеми околу содржината на текстовите кои ги објавуваат.

Некои од нив пак знаат дека „синот на Катица Јанева работи нешто во техника“.

Катица Јанева во последниов период често може да се види фотографирана со Боки 13, почнувајќи од приватни забави – родендени, до „работни состаноци“ и гостувања во 1ТВ каде што беше нејзиното гостување во вторникот, кога за цело време додека беше емитувано интервјуто, телевизијата информираше дека ја презела палката во медиумскиот бизнис.

Бојан Јовановски, кој се претставува како сопстеник на 1ТВ, на прашањето: Дали Катица Јанева влијаела за вработување на нејзиниот син Лазар јанев во 1ТВ, одговорил:

Лазар Јанев е вработен во БМЈ Медиа груп, а не во 1ТВ. Неговите стручни квалификации беа пресудни за неговото вработување, ни еден друг фактор немал влијание и пресудна улога. Во приватна компанија како што е БМЈ Медиа груп единствено сопствениците имаат правото на одлука за вработување на било кое лице. – одговорил Боки 13.

Според податоците на агенцијата која ги издава дозволите за работа, 100 проценти сопственик на телевизијата 1ТВ ДООЕЛ, е фирмата МЕДИА ГРОУП ДОО Скопје, во која како што вели Јовановски е вработен Лазар Јанев, и кое „ич не е исто“.

Катица Јанева, Сецијалната јавна обвинителка, вели дека не влијаела за вработувањето на нејзиниот син.

Лазар е возрасен и до сега има работено на повеќе работи. Има завршено Правен факултет, а сега завршува и новинарство и си бара работа која му е интересна. Јас си ја гледам мојата професионална работа и не се оптоварувам со неговото вработување. – изјавила Јанева.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.