И Јанева има "цена", сака да стане Јавен обвинител при посебно одделение во Јавното обвинителство на Македонија за истражување кривични дела од висок профил на корупција

Објавил: Мартин Попоски | 11 октомври, 2018 9:48

Јанева најави кога Груевски ќе оди во затвор

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Јанева во вечерашното издание на “Само Вистина” рече дека според сите законски рокови, Груевски на издржување на затворската казна за пресудата за набавката на мерцедесот би требало да оди за дваесет дена.

Специјалната јавна обвинителка рече дека според сите законски рокови, Груевски на издржување на затворската казна за пресудата за набавката на “Mерцедесот” би требало да оди за дваесет дена бидејќи, како што рече, до петок би требало да ја добијат пресудата по што ќе почнеле да течат тие дваесет дена.

Таа на Канал 5 телевизија, рече дека се надева оти СЈО ќе успее да опстане и да се бори против највисоката корупција, и тоа не само кога станува збор за прислушуваните разговори, туку и сега доколку се случува од актуелната власт.

Нашите предмети нема да завршат со овие пет години мандат. Тој процес трае. Повеќе се насочивме и најмногу работиме на финансиски истраги, да се вратат парите во буџетот, одземени на криминален начин. – рече Јанева.

Со оваа изјава Јанева потврди дека не отстапува од барањето Владата на Заев СЈО да го спаси со тоа што ќе стане посебно одделение во Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРМ), каде Јанева би имала пошироки надлежности да ги истражува сите кривични дела од висок профил на корупција.

Секако за тоа е потребно во основа да се има 2/3 мнозинство во Собранието на Македонија за измени на Законот но и 2/3 мнозинство во Советот на Јавни обвинители на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.