„Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција“ постапува пред специјализирано судско одделение…“, стои во член 30 став 4 од Предлог законот за Јавното обвинителство што СДСМ односно Владата го достави до Собранието.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јули, 2019 23:34

ЈАНЕВСКИ: Освен „Специјално Рускоска обвинителство“, Заев формира и „Специјален Кацарска суд“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото пулс 24

Новинарот Дарко Јаневски во својата колумна објавена во Денешен Весник пишува дека освен специјално обвинителство ќе постои и специјален суд. Тој во колумната потенцира дека ако новото СЈО може да се означи како „специјално Рускоска обвинителство“, ова специјално судско одделение може да се означи како „специјален Кацарска суд“. 

Новинарот Јаневски во својата нова колумна потенцира дека освен „Специјално Рускоска обвинителство“, Заев формира и „Специјален Кацарска суд“ фото јавно.мк

Колумната на Јаневски ја пренесуваме во целост:

„Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција“ постапува пред специјализирано судско одделение…“, стои во член 30 став 4 од Предлог законот за Јавното обвинителство што СДСМ односно Владата го достави до Собранието.

Оваа одредба значи дека освен специјално обвинителство ќе постои и специјален суд. Ваквите одделенија порано ги нарекуваа „преки судови“. Оттука, ако новото СЈО може да се означи како „специјално Рускоска обвинителство“, ова специјално судско одделение може да се означи како „специјален Кацарска суд“. Тоа ги отсликува намерите на Заев, на СДСМ и на ДУИ да го засилат прогонот со помош на предметите кои ги започна и отвори СЈО на Катица Јанева, независно од роковите што ги предвидуваше Законот за СЈО и без сите пречки кои ги создаваа Катица Јанева и нејзиниот тим.

Интересно е што роковите кои постоеја во Законот за СЈО сега се бришат за што веќе пишував. Но, исто така интересно е  дека тие рокови создаваат дилема: дали станува збор за процесна одредба, одредба која природно спаѓа во Законот за кривична постапка, или материјална (определува рокови во кои некој обвинет може да биде гонет врз основа на нелегалните снимки) и со тоа спаѓа во Кривичнот законик. Но, и во едниот и во другиот случај, не е можно со друг закон (Закон за ЈО) да се прави упад во КЗ или ЗКП и правилата што таму се поставени да се менуваат на штета на обвинетите. Патем, кај КЗ тоа е изречно наведено, кај ЗКП некогаш беше наведувано директно – ЗКП од 1997 член 544, а во последната верзија на ЗКП од 2010 година ова е индиректно наведено (член 566) со зборовите дека „старите постапки ќе се довршат според стариот Закон“, што пак упатува на член 544 од ЗКП од 1997.

Бидејќи со овој Закон за ЈО се предвидува бришење на роковите во кои може да постапува СЈО, овие одредби се беспредметни (не би било баш интелигентно да се споменува дека станува збор за лекс специјалис, бидејќи и тие закони не можат да го нарушуваат основното начело на современиот и цивилизиран свет, а тоа е дека не можете кривичните одредби да ги менувате како ќе ви падне памет а на штета на обвинетите, така што овде допрва би требало да има работа за Уставниот суд. Кој, се разбира, ќе молчи. Но ова создава добра можност, ако ваквото чудовиште од одредби помине, еден ден се да падне во вода.

Извор : Денешен.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести