Можам уште долго да пишувам за каква иднина работам јас и каква ја гледам иднината на мојата татковина, но тоа е битката на мојата генерација да Ве порази Вас платениците и остатоците од транзицијата

Објавил: Македонка Димкин | 31 јули, 2018 22:19

Јас сум за иднина во која Македонија ќе ја водат принципиелни, чесни и од збор, а не аболицирани политичари.

Фото/Текст извор: ©Архива

Драги загрижени сеачи на магла, јас можам да Ве разберам, Ви наредиле и силно Ве платиле капитулацијата да ја прикажувате како триумф, лагата како вистина, а неспособноста и немањето план како иднина или изолација…, е па еве ќе Ви одговорам:

Јас сум за иднина, иднина во која Македонија ќе ја водат принципиелни, чесни и од збор луѓе, а не аболицирани политичари, иднина во која политичарите што бараат мито ќе одат во затвор, иднина во која брат политичар на брата бизнисмен нема да му дава за бадијала парцели, милиони да млати на грбот на граѓаните, иднина во која нема да бидеме на дното на економскиот раст, реформите во судството, образованието, здравството и социјалата, иднина во која криминалците нема да се амнестираат и позираат гордо сликани со политичарите од власт, иднина во која нема да се проституираме како народ и држава затоа што уценети и неспособни политичари се во владата, иднина во која нема министрите да си делат грантови и тендери на шибицарски начин, а премиерот ќе им прости со стерилно образложение дека немало да ги смени затоа што немал со кого да работи, иднина во која моите студенти наместо да се збогуваат со мене после одбраната на дипломската работа ќе ме консултираат во која фабрика и кое работно место ќе го прифатат овде во нивната татковина, иднина во која нема мојата татковина да биде рекордер по бројот на мртви новороденчиња во Европа, иднина во која со моите синови гордо ќе ги читаме историските читанки и ќе си спомнуваме за херојските подвизи на Гоце, Даме, Јане, илинденците, Панко, Ченто, Павел, партизаните, но и на тие пред нив и тие после нив, а нема да “шупотеме” тивко затоа што некој сакал да не направи дрво без корен, народ без минато и традиција, држава без историја.

Можам уште долго да пишувам за каква иднина работам јас и каква ја гледам иднината на мојата татковина, но тоа е битката на мојата генерација да Ве порази Вас платениците и остатоците од транзицијата за да може да и се раздени на мојата Македонија, за да биде повторно достоинствена.

Порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Охрид каде што моментално престојува

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...