недела, 5 мај 2024

MK/ EN/ DE



Силјановска истакна дека секогаш била критички настроена, и во тогашната влада на СДСМ и сега го критикувала Заев за името

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 април, 2019 11:02

„Ја критикував владата на СДСМ кога ја договори референцата ФИРОМ, го критикувам сега и Заев кога го смени името“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вчерашната дебата на МТВ, кандидатката за претседател поддржана од ВМРО, Сиљановска на прашање на противкандидатот на СДСМ Стево Пендаровски во врска со нејзино прифаќање на привремената референца ФИРОМ, како тогашен министер одговори дека таа била против. Таа вели дека често пати го критикувала тогашниот претседател за таа постапка, и дека многупати посочила дека таквата постапка е нетранспарентна.

-Сум била против, сум критикувала на седниците на владата има сценограми, за ексклузивно водење на политиката во рамките на неколкумина, претседателот Киро Глигоров и министерот за надворешни работи Денко Малевски. Многупати сме велеле дека е нетранспарентна постапката, дека треба сериозно да се размислува, имаше дури и дилеми меѓу Либералната партија и Социјалдемократскиот сојуз. Но тогаш одговорот беше дека само внатре во Обединетите нации може нешто да се стори. Можеби и тоа беше една од работите за која јас по истекот на мандатот реков дека нема да се бавам повеќе со политика, туку само ќе ја анализирам и ќе ја критикувам, изјави професорката Гордана Силјановска Давкова.

Според анкетите за дебатата на МТВ, професорката Силјановска убедливо ја доби дебатата

Силјановска истакна дека секогаш била критички настроена, и во тогашната влада на СДСМ и сега го критикувала Заев за името, затоа што вели секогаш ги изнесува своите ставови и тоа е нешто кое што во било кое време може да се провери.

Инаку по самиот дуел беше спроведена анкета за тоа кој претседателски кандидат најдобро се претставил на ТВ дуелот на МТВ, па според фотографијата може да се забележи дека професорката Гордана Силјановска убедливо го добила вечерашниот телевизиски дуел. 

На телевизискиот дуел беа присутни тројцата претседателски кандидати, Стево Пендаровски, Блерим Река и Гордана Силјановска Давкова.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.