Овој проект наиде на критики и од страна на поранешниот министер за финансии, Бранимир Јовановиќ.

Објавил: Весна Петровска | 4 септември, 2019 9:29

Јовановиќ против мерката на Заев за субвенционирање на растот на платите

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

На вчерашната пресконференција премиерот Зоран Заев и новата министерка за финансии Нина Ангеловска ја презентира новата мерка за субвенционирање на растот на платите, односно државата да ги плаќа придонесите за делот колку што ќе биде зголемена платата.

Овој проект наиде на критики и од страна на поранешниот министер за финансии, Бранимир Јовановиќ.

– Мерката за субвенционирање на растот на платите има смисла само ако: 1. Се однесува на плати пониски од одредено ниво, на пример, плати пониски од средната плата (зошто државата да субвенционира ако некој менаџер со плата од неколку илјади евра си ја зголеми платата?); 2. Се однесува на фирми што немаат висока профитабилност (зошто државата да субвенционира плати на некоја банка која остварува профити од десетици милиони евра?); 3. Фирмите се обврзани да не ги намалуваат платите и по завршувањето на субвенцијата (без тоа, платите ќе паднат веднаш по истекот на субвенцијата, и ништо не се постигнало); 4. Е последица на значајно зголемување на минималната плата (без тоа, се сведува на ослободување на фирмите од даноци, како што правеше Груевски). И, не, мерката нема да чини 40 милиони евра. Мерката ќе чини 120 милиони евра, зашто ќе трае 3 години. Стварно сме многу богати штом можеме да си дозволиме да дадеме 120 милиони евра на вакво нешто… – додава Јовановиќ на својот Фејсбук профил

Исто така оваа мерка ја искоментира и поранешниот советник на Драган Тевдовски кој смета дека ова субвенционирање би имало логика само ако се исполнат одредени услови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.