Околу 90 хоспитализирани пациенти има во болницата во Прилеп. Во ноември и декември лани имаше 128 болни во сите четири Ковид одделенија во Прилеп.

Објавил: Перо Милчин | 17 март, 2021 10:27

ЈОВАНОСКИ: СОСТОЈБАТА СО КОВИД 19 ВО ПРИЛЕП Е АЛАРМАНТНА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Состојбата во општина Прилеп е крајно алармантна,  секојдневно бројот на хоспитализирани и позитивни се зголемува. Вчера одржавме општински кризен штаб, донесовме одлука за заострување на мерките, побаравме и од Владата да донесе одлука, да се зголеми полицискиот час да трае од 19 до 05 часот.

Околу 90 хоспитализирани пациенти има во болницата во Прилеп. Во ноември и декември лани имаше 128 болни во сите четири Ковид одделенија во Прилеп.

Се уште има капацитет, не смее да дозволиме да има недостаток од легла“ – вели Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп во Студио 10 на ТВ24.

Градоначалникот објасни дека полицискиот час треба да почнува три часа порано бидејќи во периодот од 19 до 22 часот има најголем број дружења, собирања по дома и излегувања по кафулињата.

Свесни сме дека со оваа мерка уште повеќе ќе го нарушиме комидитетот на граѓаните, но од превентивни причини важно е во овој период да бидат скратени дружењата и забавите. Како дополнителна причина што заразата во Прилеп добива драматични размери се куќните дружења на граѓаните во поголем број, кои тешко се контролираат и се кријат од јавноста“, додаде Јованоски.

Тој уште посочи дека постои и неодговорното однесување на поголем дел од граѓаните во однос на заштитата на сите нивоа, на работните места, во многу јавни институции и приватни компании, а дека има и заразени кои се шетаат низ градот, по продавници и аптеки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.