Уште еден "експер" за историја во полза на бугаризацијата на Македонија и негирањето на постоењето на Македонскиот народ

Објавил: Мартин Попоски | 16 август, 2018 15:28

Јордан Величков: “Нема заедничка историја Македонците се измислени по 1944-та година”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Изјавата на Зоран Заев дека Илинденското востание е македонско не е случајно дадена оценка. Тоа е израз на едно 70 годишно фалсификување на бугарската историја без преседан. 7 децении прават напори за искоренување на бугарското национално сознание и насилно наметнување на македонизмот на над 2 милиони Бугари. Таква денационализација е без пример во европската историја.

Ова го вели Доцент д-р Јордан Величков во денешното интервју за бугарски “Труд”.

“Што да очекуваме од Зоран Заев и од политичката врхушка во Скопје за кои македонизмот е доходовна професија која ги мотивира да гледаат на неа како на смисла на својот живот. Во името на таа професија не само што ја фалсификуваат историјата туку и ја менуваат националната припадност на нивните претци.” – вели Јордан.

Имајќи го ова предвид тој факт требало да го имаат предвид бугарските политичари. Не можете да им се верува на луѓе кои отишле толку далеку во откажувањето од својот род.

“Заев нема голем избор при опстојувањето на таа погрешна теза за македонизмот. Доколку биде поразличен тој едноставно нема да биде во политиката и како ништо може да ја сподели судбината на покојниот претседател Трајковски.” – вели Јордан.

Јорданов, инаку предавач по меѓународно право и дипломат вели дека Бугарија направила “сериозна грешка” кога се договорило да се оценуваат историјата и заедничките датуми во неа.

“Нема заеднички датуми и заедничка историја. Историјата е една! До крајот на Втората светска војна во реонот на Македонија има само една историја и тоа е бугарска. Сите факти и податоци говорат на еден и ист начин а бугарскиот карактер на населението кое 1.000 години години живее со него. Бугарскиор карактер.” – смета Јордан.

Јордан смета и дека бугарската страна не одговорила адекватно и професионално на “скандалот” кога Заев изјави дека Илинденското востание е македонско.

“Министерката за надворешни требаше веднаш да го повика амбасадорот на Македонија и да му врачи протестна нота.” – вели Јорданов кој одговарајќи на прашањето на “Труд” вели дека не е потребно “замрзнување” на Договорот за добрососедство.

“Не да се замрзне не да читаме некакво наводно извинување на Фејсбук. Треба да им се каже јасно и точно категорично да се застане на тезата: никакви договори пазарења општо оценки. Историјата е јасна – таа е прецизна исто како и математиката. До 1944-та нема заедничка историја зошто до тогаш немало Македноци.” -вели Величков во интервјуто за бугарски “Труд” насловено како “На Балканот ќе продолжи да мириса на барут”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.